Почина мајката на раперот Еминем

Деби Нелсон, мајка на музичарот Еминем, почина по битка со рак на белите дробови, дознава TMZ.

Таа почина синоќа во болницата Сент Џозеф во Мисури на 69-годишна возраст. Дијагнозата на Деби првпат беше откриена во септември, а извештаите во тоа време покажаа дека не и останало многу време.

Односот на Еминем со неговата мајка беше познат по турбулентни моменти, полни со драма и нефункционалност.

На почетокот на својата кариера, Еминем јавно ја обвини за запоставување и злоупотреба, честопати говорејќи за нивните семејни проблеми во песни како „Cleanin’ Out My Closet“.

Деби го тужеше за клевета во 1999 година, што дополнително ја наруши нивната врска, а во 2007 година објави автобиографска книга наречена „Мојот син Маршал, мојот син Еминем“, во која откри детали од нивниот живот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни