Почина Љиљана Караџиќ, сопругата на осудениот Радован Караџиќ

Во болница во Источно Сараево почина Љиљана Зелен-Караџиќ (81), сопруга на Радован Караџиќ, кој издржува доживотна казна затвор за воени злосторства и геноцид.

Во болница во Сараево денеска почина Љиљана Зелен-Караџиќ (81), сопруга на осудениот воен лидер на босанските Срби,Радован Караџиќ, објавија локални медиуми.

Под американски санкции

Љиљана Караџиќ со години беше под санкции од САД, како лице осомничено дека му помагало на сопругот додека тој бил во бегство од правдата. Караџиќ беше уапсен во Белград во 2008 година, по што беше екстрадиран во Хаг пред Хашкиот Трибунал за поранешна Југославија.

Доживотна казна затвор

Во 2019 година, во Хаг, Караџиќ беше правосилно осуден на доживотен затвор за најтешки воени злосторства, вклучително и геноцидот во Сребреница и опсадата на Сараево. Казната ја издржува во затвор во Велика Британија.

Љиљана Караџиќ по професија беше лекар. Таа и нејзиниот сопруг дипломирале на Медицинскиот факултет во Сараево и пред војната живееле во градот. Во текот на војната и по неа, таа била на чело на организацијата на Црвениот крст на Република Српска.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни