Поранешниот пејач на групата One Direction на 31 година, Лиам Пејн, го загуби животот по трагичен инцидент, откако падна од балкон во хотелот каде што престојуваше во Буенос Аирес. Засега не се објавени официјални информации за околностите што довеле до неговата смрт.

„Трагично, повредите кои ги доби при падот беа кобни. Не постоеше можност за негова реанимација“ – изјави претставник на тимот кој пристигнал на местото.
Малку пред несреќата, Пејн бил видливо вознемирен и насилен во хотелското лоби. Според очевидци, тој го скршил лаптопот, по што бил придружен до неговата соба.
Неколку дена пред фаталниот настан, неговата поранешна вереница Маја Хенри покрена правна постапка за да го спречи каков било контакт меѓу нив, поради неговите постојани обиди да ја контактира преку нејзини блиски. Не е утврдено дали тоа има врска со неговото однесување пред инцидентот.
Пејн има дете со пејачката Шерил Кол, а неодамна беше во врска со Кејт Кесиди. Тој престојуваше во Аргентина по повод концертот на неговиот поранешен колега од One Direction, Најл Хоран.
Извор: ABC news