Легендарниот актер Чак Норис починал синоќа на 86-годишна возраст по ненадејно влошување на неговата здравствена состојба .
Познатиот актер и легендата на боречките вештини почина во четврток наутро по локално време објави неговото семејство во објава на Инстаграм
Со тешко срце нашето семејство ја споделува веста за ненадејната смрт на нашиот сакан Чак Норис вчера наутро“, соопшти семејството.
Не е јасно од каква медицинска итна состојба се соочил актерот, а наводно станува збор за ненадејна неочекувана болест.
Чак Норис играше во многу познати холивудски акциони филмови, а филмското платно го делеше и со Брус Ли.
Во последната деценија и пол Чак Норис стана и интернет легенда каде корисниците на социјалните мрежи го прикажуваа како ,, најсилниот човек на светот”.