Почина Клода Роџерс, пејачката која ја претставуваше Велика Британија на Евровизија

Една од иконите на Евровизија, Клода Роџерс, која ја претставуваше Велика Британија на натпреварувањето во 1971 година, почина на 78-годишна возраст.

Северноирската пејачка го обезбеди четвртото место со песната „Jack In The Box“ кога натпреварот се одржа во Даблин.

Нејзиниот син Сем Сорби ја потврди веста:

„Со тешко срце, мојата драга убава мајка Клода за жал почина по борбата со болеста во последните три години. Таа почина вчера мирно, опкружена со своето семејство во Кобам. Мама живееше неверојатен живот, полн со љубов и среќа“.

„Нејзината фантастична кариера, патување низ светот, посветеност на нејзините синови… Таа беше карпата на ова семејство. Животот нема да биде ист без мама, но сега конечно ќе биде во мир со тато, баба и дедо”, напишал синот.

Нејзиното појавување на Евровизија беше многу значајно, бидејќи натпреварот, кој се одржа во Даблин, предизвика загриженост кај организаторите во Велика Британија.

Би-Би-Си наводно се плашеле од реакцијата на публиката на англиската песна која се појавила на сцената за време на кулминацијата на The Troubles.

Како католичка од Северна Ирска, Роџерс ризикувала, па дури и добивала смртни закани од ИРА.

Сепак, нејзината песна се покажа популарна и ја донесе на четвртото место, а Монако ја презеде победата благодарение на песната „Un banc, un arbre, une rue“.

Песната на Роџерс го достигна четвртото место на топ листите во Обединетото Кралство и останува нејзиниот најголем хит.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни