Балканските медиуми известуваат за смртта на Халид Бешлиќ. Имаше 71 година.ѓ
Халид ги поминал последните денови од животот во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, на Одделот за нефрологија. Го откажал концертот што требало да го одржи во Градачац на 27 август, а тогаш било нагласено дека има здравствени проблеми и дека започнува со рехабилитација. Подоцна било откриено дека Бешлиќ е префрлен на Одделот за онкологија поради проблеми со црниот дроб.
На средината на септември, менаџерот на Бешлиќ, Дамир Рамљак, изјавил дека неговата состојба се подобрила и дека се надеваат дека ќе го пуштат дома.
„Оди на подобро, тој има многу надеж, а имаме и ние, така што докторите планираат малку да го пуштат дома. Добро реагира на терапијата што сега ја добива во болница. Дури има намера малку да го пуштат да оди дома, да се одмори од болницата, па потоа докторите ќе видат што и како понатаму, но според тоа како стојат работите сега – оди на подобро“, рекол тој.
Неколку недели пред смртта, беше објавена неговата песна посветена на сопругата Сејда, која тој често ја споменуваше како своја потпора во кариерата.
Извор: https://www.index.hr/magazin/clanak/umro-je-halid-beslic/2717504.aspx