Почина Дуле Вујошевиќ, „Генералот“ на КК Партизан

Покрај успесите на теренот, Вујошевиќ ќе остане запаметен и по неговиот однос кон судиите, играчите и публиката, но и кон актуелната власт во Србија

Легендарниот кошаркарски тренер Душко Вујошевиќ почина на 68-годишна возраст во Белград.

Вујошевиќ роден во Подгорица на 3 март 1959 година беше тренерот со најмногу трофеи во историјата на КК Партизан.

Тој беше и претседател на ЈСД Партизан.

Во последните години Вујошевиќ имаше хронична болест поврзана со бубрезите.

Миленик на „Гробари“ и омразен кај режимот

Вујошевиќ долги години освојуваше титули со КК Партизан со што стана миленик на навивачката група „Гробари“.

Лестер Бо Мекејлеб, Богдан Богдановиќ, Јан Весели, Жофри Ловерњ, се само дел од плејадата кошаркари кои ја минаа „школата на Дуле“ и изградија успешни меѓународни кариери.

Покрај успесите на теренот, Вујошевиќ ќе остане запаметен и по неговиот однос кон играчите и публиката, но и кон општествените односи.

Откако остана без ангажман (а тоа според него се должеше на тоа што е противник на Вучиќ и режимот) во неговите ретки медиумски појавувања често зборуваше за состојбите во српското општество и ја критикуваше актуелната власт.

Кошаркарски работици и спортската јавност во Србија и во Европа испраќа последен поздрав до популарниот Дуле.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни