Почина авторот на легендарната песна од филмот „Титаник“

Американскиот текстописец Вилбур Х. Џенингс, најпознат по текстот на песната My Heart Will Go On од филмот Титаник, почина на 81-годишна возраст

Aвторот на легендарната песна од филмот „Титаник“, My Heart Will Go On, Вилбур Х. Џенингс, почина на 81-годишна возраст во својот дом во Тексас.

Неговата старателка, Марта Шерод, изјавила дека тој имал сериозни здравствени проблеми во последните пет до шест години.

Својата холивудска кариера Џенингс ја започнал во 1976 година, а веќе во 1977 година соработувал со композиторот Ричард Кер на песната Looks Like We Made It, во изведба на Бери Манилоу.

Џенингс бил примен во Куќата на славните за текстописците во 2006 година, речиси една деценија откако го освоил својот втор Оскар за песната My Heart Will Go On, испеана од Селин Дион за филмот Титаник.

Првиот Оскар го добил во 1983 година за песната Up Where We Belong од филмот Офицер и господин. Во раните 1990-ти, Џенингс соработувал со Ерик Клептон на песната Tears in Heaven од филмот Rush од 1991 година.

Песната била номинирана за Златен глобус и добила Греми за песна на годината.

Во текот на кариерата освои три Греми, два Златни глобуси и вкупно 25 различни награди.

Џенингс е роден на 27 јуни 1944 година во Тексас. Ја започнал својата кариера како професор на локалниот колеџ, а потоа и на Државниот универзитет во Остин. Соработувал со уметници како Витни Хјустон и ББ Кинг, а неговите песни се појавиле во 325 филмови и ТВ емисии.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни