Почина Ален Делон

Почина францускиот актер Ален Делон, потврдија неговите деца за АФП.

За Французите, Делон е ултимативниот филмски гран фау (голем ѕвер) кој ја шармираше Европа и го трасираше патот во текот на 1960-тите, глумејќи во хитови како Роко и неговите браќа (1960) и Леопард (1963), објави неодамна Би-Би-Си на српски

Пари мач и други слични списанија со децении ги следат сите детали од неговата плодна кариера и подеднакво плодниот љубовен живот.

Детството и адолесценцијата на Делон биле болни и проблематични, што веројатно оставило свој белег на последователното градење на односите со неговите синови.

Роден е во предградијата на Париз во 1935 година.

Имал само четири години кога неговите родители се развеле, а тој завршил во згрижувачко семејство.

Како момче бил бунтовник.

Се пријавил во морнарицата и учествувал во воени операции во Индокина, но бил изведен пред воен суд поради кражба на џип.

Во Париз во доцните 1950-ти, тој живеел меѓу проститутки и гангстери пред неговиот изглед да го одведе во светот на филмот, објави Би-Би-Си во јуни оваа година.

Најново

Последни колумни