Италијанскиот пејач Оли, победник на овогодинешниот фестивал во Санремо, нема да учествува на Евровизија во Базел, а ќе биде заменет од второпласираниот Лучио Корси.
Оли, кој триумфираше во Санремо со песната „Balorda Nostalgia“, во објава на Инстаграм рече дека решил „да се откаже од можноста да учествува на Евровизија, свесен дека тоа е една од оние работи што може да се случат само еднаш во животот“.
Младиот пејач истакна дека моментално сака да се „поврзе со сè што се случува“, мислејќи на неговата победа во Санремо и претстојната турнеја во мај.
Италијанската РАИ објави дека Италија во Базел ќе ја претставува Лусио Корси со песната „Volevo essere un duro“.
Италијанските медиуми пред пет дена објавија дека вакво нешто може да се случи.
„Како што наближува Евровизија 2025 година, Италија се наоѓа во центарот на неочекувана драма. Оли, една од ѕвездите во подем во земјата, е растргнат помеѓу искористувањето на можноста да настапи на најголемата европска сцена или да остане верен на своите фанови со распродадена пролетна турнеја“, објавија локалните медиуми.