Победете ја несоницата со промена на наједонставните активности

Несоницата е состојба во која имате проблем да заспиете или пак, откако ќе заспиете имате тешкотии да ја задржите таа состојба. Таа може да биде третирана во домашни услови, но се зависи од стадиумот во кој се наоѓа.

Просечно, на возрасен човек му се доволни седум до осум часа ноќно спиење за нормално функционирање во текот на денот, но сепак има многу луѓе на кои им се потребни барем 10 часа или пак има и од оние на кои четири до пет часа им се сосема доволни за да функционираат со полна пареа.

Не јадете во доцните часови од ноќта
Јадењето касно во ноќта е многу лоша и нездрава навика. Внимавајте да правите пауза од неколку часа помеѓу оброците, но и помеѓу последниот оброк и времето на легнување. Ова не само што ќе ви помогне да спиете подобро, туку и ќе ви заштеди некој денар, пари кои обично ги трошите на јадење касно и купување грицки.

Пред да заминете во кревет не пијте алкохол и кофеински напитоци
Овие работи можат да влијаат врз вашата навика за спиење и ќе ве тераат да се будите во текот на ноќта за да го користите тоалетот или пак кофеинот ќе ве одржува непотребно будни. За да ги избегнете овие непотребни ефекти, обидете се да преминете на пијалаци кои не содржат кофеин и обидувајте се да пиете помалку течности во текот на ноќта.

Дозволете си удобен душек
Секој знае дека душекот и перницата навистина можат сериозно да го нарушуваат сонот. Проценето е дека креветот не треба да се користи повеќе од една деценија, така што имате време да штедите за нов. Кога ќе купувате нов кревет пробајте неколку пред да се одлучите и немојте да се залажувате од изгледот, бојата или пак од неговата цена.

Одредете време за будење
Многу е важно секое утро да станувате во исто време, без разлика колку часови сте поминале спиејќи. Обидете се да си ја создадете навиката за станување рано, бидејќи станувањето во подоцните часови може да ви предизвика мрзеливост.

Вежбање пред спиење
Малку вежбање пред спиење може одлично да му дојде на вашето тело. Но, во ниеден случај немојте да претерате и да го правите тоа касно во ноќта. 10 до 15 минути вежбање пред спиење, три пати неделно, може да ви помогне да ги исфрлите природните хемикалии од телото и полесно да заспиете.

Извор: kurir.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни