Победата на Трамп го лансираше биткоинот „до Месечината“

Цената на биткоинот се искачи над 84.000 долари за прв пат, во раст воден од победата на Доналд Трамп на изборите во САД и надежта дека тој ќе биде благонаклонет кон криптовалутите.
Фото: Jorge Franganillo, CC BY 2.0, via Wikimedia Commons

Биткоинот достигна рекордно високо ниво од 84.653 долари денес со што вредноста на оваа криптовалута е повеќе од двојно зголемена од околу 37.000 долари пред 12 месеци.

Изборите, исто така, влијаеа на традиционалните валутни пазари, индивидуалните акции – особено на компанијата за електрични автомобили на Илон Маск, Тесла – и на широките американски пазари на акции, бидејќи инвеститорите се обложуваат на дерегулација и даночни намалувања од Трамп.

Трамп во минатото го нарече биткоинот „измама во однос на доларот“, но тој ја смени својата реторика за криптовалутите за време на кампањата за претседателските избори во САД, додворувајќи се на крипто заедницата и појавувајќи се на настани во индустријата. Тоа создаде очекување за релаксација на правилата за да им се олесни на штедачите на мало да инвестираат во биткоин и други криптовалути – иако Трамп не прецизираше никакви политики.

Покрај биткоинот изминатите денови расте и вредноста на доларот. Доларот порасна за 0,6% во понеделникот во однос на останатите валути, при што еврото падна на најниско ниво од мај. Едно евро ви купува 1,06 долари денес, во споредба со 1,12 долари на крајот на септември. Фунтата исто така падна за 0,4% во однос на доларот, за да се тргува под 1,29 долари, блиску до најниското ниво од август.

На вредност пораснаа и останатите криптовалути како етерум и доџкоин, мем-коин претходно поддржан од Илон Маск, кој на изборите застана силно позади Трамп.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни