Победа за либералите во Канада – Марк Карни останува премиер, но дали ќе му треба коалиција?

Либералната партија на канадскиот премиер Марк Карни освои најголем број пратенички места на парламентарните избори во Канада, покажуваат прелиминарните резултати. Сепак, сè уште не е познато дали ќе имаат апсолутно мнозинство или ќе мора да формираат коалиција со некоја од помалите партии.

Според првичните резултати, либералите освоија повеќе места од конзервативците, но останува нејасно дали ќе достигнат најмалку 172 од вкупно 343 пратенички места неопходни за самостојно формирање влада.

Националистички бран во полза на либералите

Поранешниот премиер Џастин Трудо во минатото се потпираше на поддршката од Новите демократи, но тие овој пат имаа полош резултат од очекуваното. Лидерот на таа партија, Џагмит Синг, објави дека се повлекува од политиката.

До самиот крај изгледаше дека либералите нема да можат да формираат мнозинство, сè додека американскиот претседател Доналд Трамп не започна со напади врз канадската економија и не го доведе во прашање канадскиот суверенитет, дури сугерирајќи дека Канада би можела да стане 51-та американска држава. Овие потези предизвикаа бран на национализам во Канада, што му помогна на Карни да го промени изборниот наратив и да ја обезбеди победата за четврти последователен мандат на либералите.

За време на кампањата, Карни вети дека секој долар собран од контрамерки на американски увоз ќе оди кај канадските работници погодени од трговскиот конфликт. Најави и намалување на даноците за средната класа, како и одржливо ниво на имиграција.

Конзервативците признаа пораз

Лидерот на Конзервативната партија, Пјер Пољевр, се надеваше дека изборите ќе бидат референдум за непопуларниот поранешен премиер Џастин Трудо. Во својот говор по признавањето на поразот, Пољевр изјави дека ќе продолжи да се бори за правото на Канаѓаните на „достапен дом и безбедни улици“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни