По земјотресот во Мјанмар каде настрадаа повеќе од 1700 луѓе, се закануваат инфекции во оштетените болници

Болниците се тешко погодени од земјотресот, многу од нив се оштетени, а сите се преоптеретени со голем број повредени. Според Маргарет Харис од Светската здравствена организација (СЗО), најмалку три болници се целосно надвор од функција, додека уште 22 се делумно оштетени.

Во земјотресот со магнитуда 7.7 кој се случи во петокот блиску до Мандалај во централниот дел на Мјанмар, загинаа повеќе од 1700 луѓе во Мјанмар и најмалку 18 во соседниот Тајланд.

СЗО итно бара 8 милиони долари за да се одговори на хуманитарната криза по разорниот земјотрес со магнитуда 7.7 во Мјанмар. Близу 72 часа по земјотресот, воената власт во земјата потврдила 1700 мртви и стотици исчезнати. И покрај катастрофата, војската продолжува со воздушни напади на вооружени побунетнички групи со кои води војна веќе четири години, јавува BBC.


Земјотресот бил почувствуван на стотици километри далеку, вклучувајќи го и Тајланд, каде бројот на мртви се зголемил на 18. Во Бангкок трае потрага по 76 градежни работници затрупани под срушена зграда во изградба.
Спасувачките тимови во Мјанмар се соочуваат со големи пречки додека се обидуваат да стигнат до заедниците погодени од земјотресот. Патиштата се оштетени, затрупани со одрони и урнатини, а дополнителни проблеми создава лошата комуникациска инфраструктура, особено во градските центри, како и честите прекини на струјата.

„Нам ни недостасува вода за пиење и за основни потреби. Достапни се само мали шишиња со вода, но тие се ретки и скапи,“ изјавија спасувачите.

Болниците се тешко погодени од земјотресот, многу од нив се оштетени, а сите се преоптеретени со голем број повредени. Според Маргарет Харис од Светската здравствена организација (СЗО), најмалку три болници се целосно надвор од функција, додека уште 22 се делумно оштетени.

„Се создадени идеални услови за ширење на инфекции како што е холера,“ предупреди СЗО.

Владата на воената хунта во Мјанмар прогласи седмица на национална жалост поради разорниот земјотрес. За време на периодот на жалост, кој трае до 6 април, знамињата ќе бидат спуштени на половина копје.

Разорниот земјотрес во Мјанмар може негативно да влијае на доаѓањето на странски туристи во Тајланд во следните недели.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни