По заканите на Трамп, Гренланд бара итна средба со Марко Рубио

Додека светот е фокусиран на случувањата во Венецуела, Трамп паралелно го зголемува притисокот врз Гренланд, а Белата куќа потврди дека американската администрација разгледува различни опции за „преземање“ на островот, при што користењето на американската војска не е исклучено.

По сè поострите изјави и закани од американскиот претседател Доналд Трамп, Данска и Гренланд побараа средба со американскиот државен секретар Марко Рубио, со цел да се намалат тензиите и да се заштити суверенитетот на данската автономна територија. Додека светот е фокусиран на случувањата во Венецуела, Трамп паралелно го зголемува притисокот врз Гренланд, а Белата куќа потврди дека американската администрација разгледува различни опции за „преземање“ на островот, при што користењето на американската војска не е исклучено.

Во Копенхаген беше одржан итен, затворен состанок на Одборот за надворешна политика, на кој се разгледуваа односите со САД. Данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен изјави дека сите нордиски земји силно ја поддржуваат Данска и дека е донесена одлука да се воспостави директен контакт со Вашингтон, како и да се зајакне безбедноста на аеродромите околу Гренланд со стратешка цел – обезбедување на Арктикот.

Данската премиерка Мете Фредериксен предупреди дека евентуална американска инвазија врз Гренланд би значела крај на НАТО и распад на безбедносниот поредок воспоставен по Втората светска војна, нагласувајќи дека тоа не е само став на Данска, туку и на цела Европа. Во меѓувреме, данскиот министер за одбрана најави зајакнување на военото присуство на Гренланд и поголем фокус на НАТО-вежби во регионот.

Лидерите на т.н. „Коалиција на подготвените“, кои се состанаа во Париз, порачаа дека Гренланд им припаѓа на Гренланѓаните и изразија целосна поддршка за Данска и нејзината автономна покраина во одбраната на суверенитетот и територијалниот интегритет.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни