Претседателот на Euronews, Педро Варгас Давид, објави дека медиумот ja вратил профитабилностa за прв пат по една деценија, најавувајќи ново поглавје на паневропското новинарство додека Euronews се шири низ континентот и пошироко.
,,Со неодамнешното преселување на централната редакција во Брисел, Еуроњуз сега е „најголемата воспоставена редакција која ги покрива европските прашања, која е во центарот на она што се случува во Брисел“, рече Педро Варгас Давид.
Претседателот на Euronews, исто така, најави натамошно проширување на каналот со лансирањето на новата полска услуга на телевизија и дигитални платформи со седиште во Варшава. Уште две франшизи на Euronews канали ќе бидат отворени оваа година во Босна и Херцеговина и Црна Гора, а потоа ќе следат уште две. Исто така, многу важно е отворањето на канцелариите на Euronews во Астана, Баку и Ташкент, дополнувајќи ја постојната во Доха за многу поголемо присуство низ Блискиот Исток, Кавказ и Централна Азија. „Ние дефинитивно се шириме, носејќи го гласот на Европа низ целиот свет“, рече Дејвид.

Извршниот и уреднички директор на Euronews, Клаус Штрунц, рече дека „во сè пополаризираниот свет, пристапот до доверливо новинарство од 360 степени никогаш не бил посуштински. Како што заканите и предизвиците за Европа драстично се зголемуваат, на Европејците им треба јасно, непристрасно известување, засновано на факти. Тие исто така треба да пристапат до различни мислења и ставови, нецензурирани, нефилтрирани и целосни“.
Инаку, во 2024 година, Еуроњуз достигна 31,5 милиони месечни активни корисници и 1,06 милијарди прегледи на страниците низ своите дигитални платформи, означувајќи рекорд на сите времиња. Видео-содржините на мрежата имаат повеќе од 1,6 милијарди прегледи. Euronews има просперитетна заедница од 33,2 милиони следбеници на YouTube и платформите на социјалните медиуми и 2,8 милијарди импресии низ овие платформи, што го нагласува глобалниот досег на мрежата.
Euronews е лансиран во 1993 година. Достапен е во 495 милиони домови низ 160 земји. Во 13-те јазични изданија на Euronews, работат 300 новинари од повеќе од 30 различни националности.