По три години раст, пад на гледаноста на Оскарите

Скоро 18,1 милиони луѓе ја следеа овогодинешната церемонија на Оскарите, што е пад од 7% во однос на минатата година.
oscar statue

Бројката, која вклучува мерења на гледаноста на Nielsen на ABC и преноси во живо на Hulu, го означува првиот пад на гледаноста во последните четири години. Во 2021 година, првата година по почетокот на пандемијата на КОВИД-19, церемонијата имаше рекордно ниска гледаност од 10,4 милиони гледачи, но тоа беше проследено со три последователни години раст на гледаноста, достигнувајќи 16,6 милиони гледачи во 2022 година, 18,8 милиони во 2023 година и 19.2 милиони гледачи.

Сепак, 18,1 милион гледачи беа доволни за да ги направат Оскарите најгледаното шоу (со исклучок на спортските и информативните програми) во телевизиската сезона 2024/2025. Тие, исто така, забележаа најдобар резултат кај возрасните на возраст од 18 до 49 години со 3,92, што претставува зголемување од 3% во однос на минатата година.

Кога станува збор за возрасните на возраст меѓу 18 и 34 години, ова беа најгледаните Оскари во последните пет години со оцена од 3,17. Исто така, важно е да се забележи дека преносот во живо на Hulu беше наизменично прекинуван поради технички проблеми. Помалку од половина час по почетокот на церемонијата, повеќе од 34.000 корисници пријавиле тешкотии при пристапот до преносот преку Downdetector.

Може да се претпостави дека вкупната гледаност ќе беше барем малку поголема да не беа овие технички тешкотии. Ова е исто така прва година кога Дизни истовремено ги емитува Оскарите на Hulu, така што бројките за стриминг не се вклучени во минатогодишните резултати.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни