По масакрот, црногорските граѓани за три дена вратиле 19 пиштоли и 14 пушки

Оружјето е вратено во рамки на кампањата која се спроведува веќе подолг период „Почитувај го животот, врати оружје“.
Cetinje, Crna Gora - 2. januar 2025: Dan nakon masakra koji je sinoć počinjen na crnogorskom Cetinju, danas vladaju muk i tišina. Na ulicama Cetinja skoro i da nema građana, a rijetki koje je srela ekipa Anadolu, nisu bili raspoloženi da komentarišu jučerašnju tragediju. Na Cetinju je juče ubijeno 12 građana, među njima i dvoje djece, a četvoro je teško povrijeđeno. Njih je ubio Cetinjanin Aco Martinović, koji je kasnije počinio samoubistvo. Na Cetinju su danas zastave na pola koplja, a na ulici se može vidjeti tek po neki prolaznik. ( Rusmin Radic - Anadolu Agency )


Во последните три дена во повеќе градови во Црна Гора, граѓаните доброволно вратиле 19 пиштоли, 14 пушки, 496 парчиња муниција, како и повеќе делови од оружје, соопштено е од Управата за полиција на Црна Гора.

Оружјето е вратено во рамки на кампањата која се спроведува веќе подолг период „Почитувај го животот, врати оружје“.

„Апелираме до сите сограѓани да го дадат својот придонес за целокупната безбедност на општеството и да предадат огнено оружје, муниција и експлозивни средства што ги имаат во својот посед, без никаква правна, односно кривична или прекршочна одговорност и без разлика на тоа дали оружјето го поседуваат во илегално или легално сопствеништво“, се наведува во соопштението од Управата за полиција.

Објаснето е дека тоа може да се направи преку повик до полицијата на број 122, или да ги информираат полициските службеници дека сакаат да го вратат оружјето.

„Важно е да напоменеме дека граѓаните не треба самостојно да носат оружје во полициски станици“, истакнуваат од полицијата.

Во пукањето кое се случи на 1. јануари на Цетиње, убиени се 12 лица, меѓу кои три жени и две деца, додека четири лица се повредени. Напаѓачот Ацо Мартиновиќ (45) извршил самоубиство.

По повод трагедијата во Цетиње, во Црна Гора беше прогласена тродневна жалост, на 2, 3. и 4. јануари.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни