Не долго по скандалот во Белата куќа, кога украинскиот претседател Володимир Зеленски го напушти состанокот со Доналд Трамп, по кој требаше да се потпише договор за ретки минерали, следува првата одлука на Стејт департментот. Како што пренесуваат американските медиуми, Стејт департментот одлучил да ја укине поддршката на Соединетите Американски Држави за енергетската мрежа на Украина.
Дали ќе остане на ова или ќе дојде до понатамошно влошување на односите помеѓу Вашингтон и Киев, останува да се види.
Стејт департментот оваа недела ја прекина иницијативата на Американската агенција за меѓународен развој (USAID), која инвестираше стотици милиони долари во обновата на енергетската мрежа на Украина, оштетена од нападите на руската војска, потврдија двајца официјални претставници на USAID кои работат во мисијата на агенцијата во Украина.
Покрај прекинот на проектот за енергетска безбедност на Украина, USAID драстично го намалува своето присуство во Украина.
Претходно на терен во Украина за оваа агенција работеле 64 американски владини службеници и изведувачи, а сега се предвидува да останат само осум од нив во Украина.