Американскиот претседател Доналд Трамп се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Ватикан, во пресрет на погребот на папата Франциск. По состанокот, Трамп изјави дека е време за „поинаков пристап“ кон рускиот претседател Владимир Путин, посочувајќи дека можеби „не сака да ја запре војната“ во Украина.
„Немаше никаква причина Путин да испукува проектили врз цивилни области, градови и населби во последниве денови. Тоа ме тера да помислам дека можеби тој навистина не сака крај на оваа војна,“ напиша Трамп на Truth Social.
Тој додаде дека ситуацијата треба да се решава „поинаку – преку банкарство или секундарни санкции“, бидејќи, како што рече, „премногу луѓе умираат“.