Покрај во Кинотеката на Македонија во Скопје, недела на франкофонски филм ќе се одржи и во Битола.
Свеченото отворање ќе се реализира на 6 април 2026 година (понеделник), со почеток во 20:00 часот, во малата сала на НУ Центар за култура Битола, со проекција на филмот „Тивок бунт” (À bras-le-corps) во режија на Мари-Елса Сгуалдо, во организација на Амбасадата на Швајцарија. Филмската ревија ќе биде официјално отворена од Михал Харари, заменик-шеф на мисијата во Амбасадата на Швајцарија.
„Недела на франкофонски филм” е организирана од Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, во соработка со амбасадите на земјите-членки на Меѓународната организација на Франкофонијата (Белгија, Грција, Швајцарија, Франција, Канада, Албанија и Романија), како и со НУ Центар за култура Битола, НУ Кинотека, Почесниот конзул Калиопа Кривашија Стилиновиќ и Француската алијанса Битола.
Во рамки на ревијата, програмата е следна:
Понеделник, 6 април 2026 | 20:00 ч.
Отворање
À bras-le-corps – Мари-Елса Сгуалдо (2025, 1ч36мин)
Во организација на Амбасадата на Швајцарија
Вторник, 7 април 2026 | 20:00 ч.
„Кога доматите се сретнаа со Вагнер” – Мариана Економy (2019, 1ч13мин)
Во организација на Амбасадата на Грција
Среда, 8 април 2026 | 20:00 ч.
Затворање
„Марија, кралицата на Романија” (Maria, Queen of Romania / Coeur de la Roumanie) – Тревор Путс (2018, 1ч50мин)
Во организација на Амбасадата на Романија