По скандалозните одлуки, членовите на Комисијата за помилување поднесуваат колективна оставка

Претседателката Сиљановска Давкова ја прифати оставката и најави дека во следниот период ќе изврши консултации за новиот состав на комисијата, како и за институционалните и законски слабости кои постојат во системот за помилување на осудени лица.

Професорот на Правниот факултет – Гордан Калајџиев предмалку на Фејсбук напиша дека членовите на Комисијата за помилување поднесуваат колективна оставка од позициите.

„Со ова ја известуваме јавноста за нашата колективна оставка од позициите членови на Комисијата за помилување.

Оваа одлука ја донесовме во согласност со нашите лични и професионални принципи.

Со почит,

Проф. д-р Методија Каневчев, Проф.д-р. Гордан Калајџиев, Проф.д-р. Арлинда Кадри Шахиновиќ, д-р. Зора Митиќ, М-р Ана Ѓорѓиева Ивановска, Ајтен Шаќири“ се вели во постот на професор Калајџиев.”, стои во објавата на Калајџиев.

Претседателката Сиљановска Давкова ја прифати оставката и најави дека во следниот период ќе изврши консултации за новиот состав на комисијата, како и за институционалните и законски слабости кои постојат во системот за помилување на осудени лица.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни