„Нина, со среќа! Радувај се, насмевни се, а подготовките ќе започнат наскоро“, напишаа организаторите на Монтесонг на Инстаграм.
Потсетуваме, на интерниот натпревар Монтесонг се натпреваруваа 16 изведувачи, а иако Нина беше голем фаворит и освои максимален број поени од жирито, сепак одлучија гласовите на публиката, која ја избра групата NeonoeN со песната Clickbait.
Но, набргу потоа настана скандал поради победничката песна.
Групата NeonoeN беше обвинета за измама и ѝ се закануваше дисквалификација. Тие беа обвинети дека песната Clickbait претходно ја извеле во различна верзија на фестивалот за култура во Забјело, а како прв услов за пријавување на Монтесонг било наведено дека песната со која настапува натпреварувачот не смее да биде објавена или изведена во целост или во делови пред 1 септември 2024 година.
Набргу потоа членовите на групата се огласија на Инстаграм и ги известија своите следбеници дека се откажуваат да одат на Евровизија. „РТЦГ ќе избере друг претставник во согласност со прописите, а ние први ќе му посакаме среќа и ќе му пружиме целосна поддршка“, напишаа меѓу другото на Инстаграм.
Тие додадоа дека претходната изведба на нивната песна не го загрозила самиот процес на фестивалот Монтесонг, ниту може да влијае на неговиот конечен исход и нивниот пласман. „Исто така, факт е дека имаше многу слични примери и дека ЕБУ секогаш одлучуваше овие песни да можат да учествуваат (една дури и победи на Евровизија), бидејќи немаа конкурентска предност пред другите, што на сите им е јасно. “ додадоа тие.