Во 2024 година се случија значајни постигнувања во науката, заштитата на животната средина и индивидуалните подвизи, посочува Вашингтон Пост.
Ослободување од потенцијално смртоносна болест
Тропската „спиечка болест“ беше искоренета и од Чад, со што оваа држава стана 51. земја која се избори со болеста. Со повќегодишни напори за подобрување на надзорот, тестирањето и контролата на инсектите, земјата ја елиминира оваа болест.
Новини во медицината
Агенцијата за безбедност на лекови во САД одобри терапии што ги користат клетките на пациентите за борба против рак и нов лек за шизофренија со помалку несакани ефекти. Исто така, револуционерни техники за поправка на ‘рскавица ја намалија потребата за целосни операции на колената.
Нови рекорди и успеси
На Олимписките и Параолимписките игри беа поставени многу рекорди. Надвор од арените, 99-годишна жена од Канада постави три светски рекорди во пливање, а 105-годишна Американка дипломираше на Стенфорд. Во Македонија, жена на 61 година го роди своето прво дете.
Знаци на надеж за климата
Во Исланд се отвори најголемата фабрика за извлекување јаглерод диоксид од воздухот. Норвешка стана прва земја со повеќе електрични отколку бензински возила. Иберискиот рис веќе не е загрозен.