Утрово во приватната болница каде се лекуваше околу седум месеци, почниа пејачот Владимир Блажевски – Панчо, фронтменот на групата ДНК.
Панчо настрада во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март оваа година, а по повредите првично беше примен на скопските клиники, а потоа префрлен во приватна болница во Скопје.
Панчо е 63тата жртва од пожарот во Кочани каде загинаа и беа повредени главно млади лица.
Во пожарот загинаа и други членови на бендот: клавијатуристот Филип Стевановски, беквокалистката Сара Пројковска, тапанарите Георги Георгиев и Александар Коларов, како и фотографот на групата Александар Ефремов.
Колеги, пријатели, роднини на социјалните мрежи упатуваат последен поздрав до Панчо.