По седми пат во Скопје: Женско авто рели го одбележува градот со вештина и брзина

Женско рели 2026 денеска низ улиците на Скопје собира над 100 учеснички, промовирајќи женска моќ во мотоспортот, тимска работа и безбедност во сообраќајот

По седми пат Женското авто рели се одржува денеска, низ улиците на Скопје во организација на Автомобилистичката федерација на Македонија

Екипите составени од возач и совозач ќе поминат градска рута, а потоа ќе ја покажат својата вештина и умешност зад воланот во втората етапа – спретно возење на затворен паркинг во безбедни услови меѓу конуси

За учество на релито веќе има пријавено над 100 учеснички, а главната цел на настанот е да ја промовира улогата на жените во мотоспортот, тимската работа и позитивната енергија, како и да ја подигне свеста за безбедност во сообраќајот

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни