По сајбер нападот, доцнењата продолжуваат на аеродромите во Лондон, Брисел и Берлин

Доцнењата на летови и денес продолжуваат на аеродромите во Лондон, Брисел и Берлин по вчерашниот сајбер напад чија цел беа системите за пријава и качување на патници.

Авиокомпаниите во саботата беа приморани да преминат на рачна обработка на патниците, откако нападот ја погоди компанијата Collins Aerospace, која на голем број компании им обезбедува технолошки услуги, пренесе Гардијан.

Аеродромските служби ги повикаа патниците да го проверат статусот на своите летови пред да тргнат на пат и препорачаа пристигнување најмалку три часа порано за летови на подолги дестинации, односно два часа за пократки релации.

Според компанијата Cirium, која собира податоци за летови, во саботата биле откажани 35 летови, а денес 38 – на лондонскиот Хитроу, како и на аеродромите во Берлин и Брисел.

Податоците на Flightradar24 покажуваат дека денес на Хитроу повеќе од 130 летови доцнеле најмалку 20 минути. Портпарол на управата на аеродромот изјави дека проблемот е надвор од нивна контрола, но дека е ангажирано дополнително персонал за надминување на нарушувањата во авио-сообраќајот.

Во Брисел, на аеродромот Завентем, денес секој од над 80 летови доцнел од 15 минути до четири часа, а 20 летови биле откажани.

Во Берлин повеќе од 70 летови доцнеле, иако дел од авионите полетале според предвидениот распоред, наведува Гардијан.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни