Партијата Тиса води на парламентарните избори во Унгарија по речиси една третина преброени гласови и во моментов е на чекор од двотретинско мнозинство во парламентот. Според последните податоци, по 29,21% обработени гласови, Тиса има проектирани 132 мандати, додека за двотретинско мнозинство во парламентот се потребни 133 места.
Унгарскиот парламент има вкупно 199 пратеници, а власт ја формира оној што контролира најмалку две третини, односно 133 мандати. Според моменталната распределба, Тиса има 132 места, од кои 37 преку листи и 95 во поединечни изборни единици. Коалицијата Фидес–КДНП засега има 59 мандати (48 преку листи и 11 поединечни), додека „Ми Хазанк“ има осум мандати, сите освоени преку листи.
Претходните пресек-резултати покажуваа постепено зголемување на предноста на Тиса. По 21,54% обработени гласови, партијата имала 128 мандати, Фидес–КДНП 62, а „Ми Хазанк“ осум.
Уште порано, по 6,56% преброени гласови, Тиса водела со 110 мандати, Фидес–КДНП имала 71, а „Ми Хазанк“ девет. Доколку овој тренд продолжи, Тиса би можела да обезбеди апсолутно доминантна позиција во новиот состав на парламентот, но засега сè уште ѝ недостасува еден мандат за двотретинско мнозинство.