По речиси 100 години, Париз отвора плажи на Сена

Одлуката следи по обемно чистење на реката, спроведено за Олимписките игри во 2024 година

Главниот град на Франција, Париз, за ​​прв пат по речиси еден век, отвора места за пливање во реката Сена.

Како дел од летната програма „Париски плажи 2025“, граѓаните и туристите ќе можат да уживаат во три нови јавни плажи и базени покрај реката од 5 јули до 31 август.

Одлуката следи по обемно чистење на реката, спроведено за Олимписките игри во Париз во 2024 година, со што водата е доволно чиста за пливање за прв пат по речиси сто години.

Пливачките површини ќе бидат лоцирани на локациите Берси, Гренел и Брас-Мари, од кои секоја ќе биде опремена со тушеви, безбедносен надзор и пристап за лица со попреченост.

Целта на иницијативата е да се донесе атмосферата на одмори во срцето на градот, а планирани се разни забавни настани, како и водни спортови по должината на брегот на реката.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни