По раскинувањето со младинската организација, AfD формира нова: Ќе биде ли порадикална од самата партија?

По години на тензии и несогласувања со својата досегашна младинска организација „Junge Alternative“ (JA), германската крајнодесничарска партија Алтернатива за Германија (AfD) реши да формира нов подмладок под името „Генерација Германија“ (Generation Deutschland).
Elections in Saxony May 2024; Election Poster Vandalism [EPV] by taking down election posters; Symbolic image; Shooting location Sebnitz in Saxony;

Германските медиуми наведуваат дека целта е да се создаде структура што ќе биде поусогласена со централната политика на партијата – и помалку непредвидлива од својот претходник.

„ЈА“ со години важеше за поекстремна од самата партија AfD, а германската Канцеларија за заштита на уставот ја стави под надзор како „докажано десноекстремистичка организација“. Таа беше во контакт со радикални движења и често одбиваше да ги следи насоките од матичната партија.

По серија инциденти и јавни критики, раководството на AfD годинава одлучи да ги прекине сите врски со младинската структура, по што „Junge Alternative“ официјално се распушти пролетва.

Новата организација „Генерација Германија“ треба официјално да биде основана кон крајот на ноември во Гисен (покраината Хесен), под мотото „Време е за твојата иднина“. Членството ќе биде отворено за лица на возраст од 14 до 36 години, а според извештаите, веќе повеќе од 1.500 млади членови на партијата покажале интерес да се приклучат.

За разлика од поранешниот модел, новиот подмладок ќе биде тесно поврзан со централното раководство на AfD, без можност за самостојно дејствување. Статутот на организацијата строго дефинира дека нејзина задача е ширење на програмата и идеите на AfD, при што се забранува било каква лојалност кон други политички групи.

Со новата поставеност, AfD задржува поголема контрола врз активностите на младината, што би требало да спречи повторување на радикалните инциденти од минатото. Сепак, сè уште не е јасно дали „Генерација Германија“ ќе има финансиска автономија, бидејќи во нацрт-статутот е опишана како „правно несамостојна подорганизација“.

Како потенцијален прв федерален претседател на „Генерација Германија“ се споменува Жан-Паскал Хом (28) од Бранденбург – познат по своето учество во движењето Pegida и контактите со екстремистичките групи „Ein Prozent“ и „Идентитарен покрет“. Тој веќе бил на чело на младинскиот подмладок на AfD во Бранденбург и во 2024 година е избран за пратеник во покраинскиот парламент.

Формирањето на новата организација предизвикува реакции во јавноста. Ученици и младински иницијативи во Германија изразуваат загриженост дека со ова AfD само создава нова, но идеолошки идентична структура.

„Без разлика како ќе се викаат, тоа се истите луѓе со истата идеологија. Мораме да се залагаме за демократска и антифашистичка иднина,“ изјави Антон Фестаг (16) од иницијативата „Ученици против десницата“.

Новата организација ќе претставува тест за тоа дали AfD навистина сака да се дистанцира од екстремизмот, или само да го редефинира под друго име.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни