Новиот филм за Барби со Маргот Роби во улогата на легендарната кукла е вистински хит во кината ширум светот. Изминатиот викенд филмот заработи 155 милиони долари во кината низ САД и повеќе од 300 милиони долари ширум светот со што стана филмот со најдбра заработка за 2023 година, објавија од Warner Bros.
Филмот „Опенхајмер“ за креирањето на атомската бомба на режисерот Кристофер Нолан ги надмина очекувањата и во кината низ САД заработи 80.5 милиони долари. Токму битката меѓу овие два филма за „превласт“ во заработката на интернет е наречена „Барбихајмер“.
Податоците за заработките се значаен мотив за студијата и кината кои досега имаа разочарувачко лето. Продажбата на картите падна под минатогодишното ниво и покрај големиот број на филмови кои се очекуваше да бидат хитови. Сепак, очигледно „Барби“ и „Опенхајмер“ ќе ја вратат публиката во кината.
„Барби“ е филм за куклата која своето деби го доживеала пред шеесетина години од перспективата на режисерката Грета Гервиг. Со заработката од 155 милиони долари во првата недела од прикажувањето го надмина „Супер Марио Борс“.
Драмата „Опенхајмер“ од друга страна го прокажува американскиот научник Роберт Опенхајмер како ја креира атомската бомба, а улогата на научникот ја игра Силијан Марфи. Филмот доби одлични критики и се очекува да биде номиниран за повеќе Оскари. Филмот на кината низ светот заработил дополнителни 172,2 милиони долари, објави Universal Pictures.
Извор: Index.hr