По примерот на САД и Аргентина се повлекува од Светската здравствена организација (СЗО)

Аргентинците нема да дозволат меѓународна организација да интервенцира во нашиот суверенитет, а уште помалку во нашето здравство“, изјави Адорни.

Аргентина се повлекува од Светската здравствена организација (СЗО), соопшти портпаролот на претседателот на таа земја, Мануел Адорни. Оваа одлука следи по извршната наредба на претседателот на САД, Доналд Трамп, донесена во јануари, за повлекување на САД од СЗО, пренесува Ројтерс.

Адорни изјави дека управувањето со пандемијата и одлуките на поранешниот претседател Алберто Фернандез довеле до тоа Аргентина да помине низ најдолгото заклучување во човечката историја и дека земјата била подложна на политички влијанија од други земји.

„Аргентинците нема да дозволат меѓународна организација да интервенцира во нашиот суверенитет, а уште помалку во нашето здравство“, изјави Адорни.

Тој додаде дека Аргентина не прима средства од СЗО за управување со здравството и дека повлекувањето од организацијата нема да доведе до намалување на квалитетот на здравствените услуги. Напротив, како што рече, оваа одлука и дава поголема флексибилност на земјата за спроведување политики кои се подобро прилагодени на нејзините интереси и потреби, како и поголема достапност на ресурси.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни