По победата во Казахстан, македонските репрезентативци се почестија симит од Чаир

Елиф Елмас, Ѓоко Зајков и Стефан Ашковски по враќањето во Скопје се почестија по еден симит во култната фурна Чаир

Македонската фудбалска репрезентација ја победи селекцијата на Казахстан со 1:0 на гостински терен.

Дел од македонските првотимци на оригинален начин ја продлавија победата во Астана.

Елиф Елмас, Ѓоко Зајков и Стефан Ашковски по враќањето во Скопје се почестија по еден симит во култната фурна Чаир.

„Од Казахстан, на симит“ гласи објавата на Елмас на социјалните мрежи.

По победата, Македонија од 4 одиграни меча има 8 бода и е на првото место во квалификациската група, а мечот во Астана е 10ти по ред без пораз за нашата репрезентација.

Ако симитот од Чаир е тајната за одличните резултати, тогаш нашите фудбалери почесто нека ја посетуваат.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни