По Пикачу, и Бетмен стана херој на „отпорот“ против Ердоган

Граѓанин на Турција одбра да протестира облечен како Бетмен, само неколку часа откако друг демонстрант стана вирален како Пикачу.

Бетмен, ликот кој носи правда во Готам, борејќи се против корумпирани политичари, расипаниот судски систем и организираниот криминал, денес беше меѓу граѓаните што се собраа во Истанбул барајќи ослободување на Екрем Имамоглу. Со своето присуство, тој испрати јасна порака: слободата на говор во Турција на Ердоган очајно бара помош.

„Секој треба слободно да го искаже своето мислење“

Граѓанинот облечен како Бетмен даде изјава за турската агенција ANKA Haber, во која зборуваше за неправдата и слободата на изразување:


„Мислам дека постои голема неправда. Тука сум затоа што проблемот е токму во тоа – неправдата. Не сакам да има неправда, затоа сум дел од овој собир. Секој треба слободно да го изрази своето мислење. Ако нè уапсат само затоа што слободно го кажуваме нашето мислење, тоа значи дека овој режим има сериозен проблем. Се надевам дека наскоро ќе бидат ослободени,“ изјави тој.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни