Хрватската потрошувачка платформа “Хало, инспекторе” соопшти денес дека бојкотот на пекарите во Хрватска бил голем успех и најави дека следната недела ќе продолжи бојкотот, овој пат на банките и телекомуникациските компании бидејќи ги зголемиле цените на своите услуги.
Платформата навела дека потрошувачите изразиле незадоволство поради зголемувањето на цените на услугите на банките и телекомуникациските оператори и најавила дека на 20 февруари пред Хрватската народна банка (ХНБ) во Загреб ќе биде организирана акција “Пет минути молк како предупредување”, за време на која потрошувачите ќе можат да ја искажат својата незадоволство поради се што се случува на пазарот, пренесува порталот Индекс.
“Ги повикуваме да дојдат со проспекти и каталози за акции и попусти, да дојдат пред гувернерот и неговите соработници кои не повикаа да купуваме на акции. Во ред, па ќе покажеме како изгледа кога живеете од акција до акција”, навел еден од советниците на потрошувачката платформа “Хало, инспекторе” Јосип Келемен.