По откривањето дека сексуално злоставувал малолетник, Моамер Касумовиќ остана и без улога

Актерот Моамер Касумовиќ беше осуден за блуд над малолетник, поради што добил и отказ од проектот на кој работел.
Фото: Инстаграм

Публиката во регионот Касумовиќ најдобро го знае по улогата на Дамир Фазлиновиќ од серијата „Луд, збунет, нормален“, а сега остана без неговата улога во нова серија која допрва треба да излезе.

„Немам што да кажам, да бидам искрен. Избегнував да давам изјави, но тоа е невозможно. Можам да кажам дека сум шокиран, како и сите други. Минатата година со него работевме на нова пилот серија. Штом дознавме за ова, ја сопревме продукцијата. Веројатно, ако имаме услови, ќе ги преснимиме сцените со некој друг актер“ изјави Феѓа Исовиќ за босанските медиуми.

Исовиќ работеше и на серијата „Луд, збунет, нормален“ и истакнува дека се надевал дека целиот скандал со Касумовиќ е само шпекулација, но откако се утврдило дека тоа е вистина, кажа дека се стопирани сите проекти на актерот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни