По освојувањето на пазарите во САД и Панама, македонскиот „дигитален трговец“ се враќа дома

Да се изгради технолошки производ во Македонија е предизвик; да се лансира истиот на најконкурентните светски пазари и да се постигне успех, е потврда за квалитет од светски рамки. Amenexia, напредниот AI shopping асистент развиен од македонски основач и тим, ја прави токму таа револуција. По официјалните лансирања и консолидација на пазарите во Соединетите Американски Држави и Панама, ова решение за првпат официјално се претставува пред македонската е-commerce заедница.

За Игор Илиевски, основачот зад Amenexia чие патување започна со првата онлајн продавница од подрумот на неговиот дедо во Македонија уште во далечната 2004 , ова е повеќе од бизнис експанзија. Ова е доказ дека од Македонија може да се гради конкурентен tech производ за глобалниот пазар, производ кој сега е достапен и за домашните компании.

Ова не е приказна за уште еден „chatbot“

Е-трговијата често страда од „тишина“ моментот кога купувачот има прашање, а нема кој да му одговори. Amenexia не е уште еден генерички chatbot за корисничка поддршка; тоа е практичен AI производ дизајниран директно да влијае на продажбата и корисничкото искуство.

„Онлајн продавниците не ги губат купувачите поради лоши производи, туку во финалните фази на одлучување, кога остануваат со неодговорени прашања,“ истакнува Илиевски.

„Проблемот е што многу дигитални продавници денес се однесуваат како каталози, а не како вистински продавници. Замислете да влезете во бутик за маици, но наместо да можете да ја допрете облеката или да прашате некого за совет, гледате само фотографии на ѕидовите. Тоа е реалноста на многу онлајн продавници: многу реклами, но малку внимание,“ објаснува тој.

За разлика од стандардните решенија, Amenexia функционира како „дигитален продавач“ достапен 24/7. Таа не само што одговара, туку може да открие дали клиентот е фрустриран или неодлучен и да реагира емпатично, слично како што би направил добар продавач во физичка продавница.

Крај на хаосот во „Inbox“ нарачките

Посебна вредност Amenexia носи за специфичните навики на пазарот. „Вообичаено да се видат продавници кои користат пораки (Inbox/Viber) како главен канал, каде се договараат нарачки рачно. Иако тоа ја затвора продажбата моментално, создава хаос, податоците не се консолидирани, а залихите не се ажурираат,“ вели Илиевски. Amenexia го професионализира овој процес, нудејќи ја потребната „човечка“ комуникација што ја гради довербата кај нашите купувачи, но на целосно автоматизиран начин.

Глобален продукт, македонски код

Лансирањето во САД, пазар познат по својата сатурација и високи стандарди, како и во Панама, послужи како краен тест за технологијата. Квалитетот на иновацијата беше потврден и со престижната награда за „Животно дело во технологијата“ на BURJ CEO Awards во Дубаи, признание што докажува дека иновацијата нема пасош и дека од тука може да се креираат решенија со глобално влијание.

Сега, тој глобален стандард станува локална реалност.

„Нашата визија беше да создадеме технологија доволно моќна за Њујорк, но со ДНК од Скопје,“ вели тимот на Amenexia. Со ова лансирање, македонската е-трговија добива алатка која не само што го модернизира работењето, туку и ја демократизира употребата на вештачка интелигенција, овозможувајќи им на домашните бизниси да понудат светско корисничко искуство.

Amenexia е доказ дека иновацијата нема граници и дека македонскиот талент е подготвен да ги води глобалните трендови, а не само да ги следи.

За Amenexia

Amenexia е AIподдржан дигитален асистент за купување развиен од Amenex, компанија за инфраструктура и операции во eCommerce предводена од извршниот директор Игор Илиевски. Amenexia им нуди на онлајн продавниците 24/7 човечкисличен асистент што комуницира со купувачите, одговара на прашања за производи и ги води низ процесот на купување. Изграден врз повеќе од 20 години искуство, Amenexia е создадена да им помогне на брендовите да го унапредат ангажманот, да ги зголемат конверзиите и да создадат беспрекорно онлајн искуство.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни