Џоли поднесе барање за развод од Пит пред осум години. Врската меѓу двајцата најпознати холивудски актери со години будно ја следат таблоидите.
„Ова е само еден дел од долгиот процес кој започна пред осум години. Анџелина е искрено исцрпена, но ѝ олесна што овој дел е завршен“, рече нејзиниот адвокат Џејмс Сајмон во соопштението, додавајќи дека спогодбата за развод е финализирана, потпишана и поднесена до судот. Детали не се познати.
Оскаровката Џоли ги наведе непомирливите разлики во барањето за развод. Таа потоа побара целосно старателство над нивните шест деца, тогаш на возраст од 8 до 15 години, при што Пит има право на посета.
Барањето предизвика жестока битка за старателство, за време на која Пит беше под истрага и на крајот ослободен од обвиненијата за злоупотреба на деца. Двете страни меѓусебно се обвинија дека се обидуваат да манипулираат со медиумското покривање во нивна полза.
„Таа не зборува лошо за него јавно или приватно, се трудеше да биде позитивна“ рекол извор близок до актерката во изјавата на адвокатот.
Џоли, која во 2000 година го освои Оскар за најдобра споредна женска улога за филмот „Misfit“, претходно беше во брак со актерите Џони Ли Милер и Били Боб Торнтон.
Пит беше во брак со актерката Џенифер Анистон во 2003 година кога тој и Џоли го снимија филмот „Господин и Госпоѓа Смит“. Медиумите пишуваа за аферата, но Џоли изјави за Vogue дека тие биле само „многу добри пријатели“ додека Пит и Анистон не се разделија во 2005 година.