Во понеделник, 23 декември, во 18 часот ќе се одржи мирен протест „За сигурно училиште” откако во основното училиште Пречко во Загреб, малолетник ги нападнал своите соученици со нож, при што едно дете загина, а уште седум се повредени. Нападот се случил на игралиштето пред училиштето.
На игралиштето пред училиштето од вчера вечер се собираат голем број граѓани кои го изразија своето незадоволство од безбедноста во училиштата:
,,Човек кога се раѓа стекнува право на живот. И мислиме дека никој не може да си дозволи да му го одземе тоа право некому. И не е виновен само оној што го направи тоа злосторство, туку и сите оние кои дозволуваат да се случи тоа. Во овој случај, сите ние сме одговорни за нашата сигурност и сигурноста на нашите деца, браќа, сестри… Затоа ве повикуваме сите вас. Во понеделник во 18 часот ќе се одржи мирен протест кој ќе започне од учителскиот дом кај плоштадот Република Хрватска, по Франкопанската улица и назад до ХНК”, велат организаторите.
Ако секој политичар може да има свој телохтранител, тогаш може и секое училиште, велат тие.