Промоцијата на сликовницата “Лефти и Рајти си најдоа дом”, од авторката Наташа
Дукоска, во издание на Чудна Шума, ќе се одржи на 19. ноември, во 13.30 часот во Јавна
соба. За подобро претставување на ликовите, организаторите се одлучија да создадат
театарска претстава и работилница за деца.
Под мотото “во недела во Јавна соба облеките ќе оживеат”, децата ќе имаат можност да
ѕирнат во светот на облеките и да ги запознаат главните ликови блузата Лефти и
панталоните Рајти.
Белата блуза Лефти и панталоните Рајти, ликови од сликовницата, се оживеани
благодарение на актерите Гоце Андонов, Ана Димитрова и Надица Дојкоска од Театар за
тебе, во режија на Изабела Јакимова.
"Театар за тебе" e организација која е активна една година и континуирано создава
претстави и работилници за деца. Најпозната нивна работилница е ,,Марсовски пикник", а
особено се барани и по едукативната претстава ,,Мобиленд".
Токму овој тим стои и зад адаптацијата на оваа прекрасна сликовница во театарски
перформанс и работилница.
После првата распродадена театарска претстава за деца “Лефти и Рајти си најдоа дом”,
закажана е и втора претстава која ќе се одвива истиот ден во 15.00 часот.
Линк до онлајн продажба на билети за вториот термин:
Линк 1: https://bileti.drugastrana.mk/index.php?id=367
Линк 2: https://bileti.drugastrana.mk/index.php?id=368