Министерството за здравство на Црна Гора формирало тимови и направило план за обезбедување психолошка и психијатриска поддршка на граѓаните на Цетиње, се наведува во соопштението од кабинетот на министерот за здравство, Војислав Шимун.
Како што се наведува, тимовите ќе бидат на располагање на сите граѓани на главниот град секој ден од 7:00 до 19:00 часот, пренесуваат Вести.
„Во случај на потреба од помош по овој период, здравствените установи на Општина Цетиње ќе организираат санитарен превоз кон Клиничкиот центар на Црна Гора каде што ќе можат да разговараат со дежурните лекари“, се наведува во соопштението.