По концертот на Томпсон во Загреб, Пула го отвори филмскиот фестивал со „Bella Ciao“

Отворањето на фестивалот во Пула со „Bella Ciao“ не беше само културен чин, туку и свесен политички став – потсетување на уставните и антифашистички вредности на Хрватска и пошироко, како реакција на Томпсоновата реторика.

Само неколку дена по контроверзниот концерт на Марко Перковиќ Томпсон во Загреб, најголемиот хрватски филмски фестивал – 72. Пулски филмски фестивал – беше свечено отворен во античката арена во Пула со моќна изведба на италијанската песна Bella Ciao“, симбол на антифашистичката борба.

На екранот беше прикажана порака: „72 години фестивал! 80 години од победата над фашизмот.“ Публиката беше составена од бројни гости, меѓу кои и претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ со сопругата, државниот секретар за култура Крeшимир Партл, и други високи претставници.

Пред изведбата на „Bella Ciao“, хрватската и истарската химна беа изведени од реномираниот музичар Дамир Урбан во своја препознатлива, емотивна интерпретација.

Првата фестивалска вечер беше обележана и со светската премиера на долгометражната комедија „Јужина“ од младиот сплитски режисер Анте Марин. Филмот ја користи јужината како лајтмотив за серија необични и комични случувања во една обична сплитска зграда.

Политичка и културна порака

Настапот со „Bella Ciao“ се смета за јасен одговор на концертот на Томпсон — музичар чиешто творештво често се поврзува со националистички пораки и реторика. Со тоа, Пула испрати порака за почитување на уставните вредности на Република Хрватска и се потсети на антифашистичката традиција на земјата.

Содржински богат фестивал

Во рамките на фестивалот ќе бидат прикажани 17 филмови, од кои 10 во национална конкуренција и 7 како малцински копродукции. Ќе се доделуваат Златни Арени, а жирито е составено од филмски професионалци, вклучувајќи ја актерката Тихана Лазовиќ и режисерот Силвестар Колбас.

Новитет е програмата за регионален филм, со фокус на кинематографиите од соседните земји, како и „Пула Про“, платформа за филмски професионалци. Покрај тоа, започнат е и проектот „Прв пат на филм“, за претставување на млади филмски таленти.

Отворањето на фестивалот во Пули со „Bella Ciao“ не беше само културен чин, туку и свесен политички став – потсетување на уставните и антифашистички вредности на Хрватска и пошироко, како реакција на Томпсоновата реторика.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни