По какаото и кафето – следи уште еден недостиг

Брегот на Слоновата Коска во февруари и март годинава ќе произведе дури 100.000 тони кокос помалку во споредба со истиот период минатата година.

Како што пренесува Reuters, извозниците од оваа земја истакнуваат дека главни причини за падот на производството се високите температури и недоволните врнежи од дожд. Се очекува приносот на кокос оваа година да биде околу 150.000 тони, додека лани тој изнесуваше 250.000 тони.

Сезоната на берба на кокос во Обала на Слоновата Коска трае од октомври до март. Извор од компанија за извоз на кокос за агенцијата изјавил дека многу фармери низ целата земја веќе немаат кокос за берба во следните два месеца.

„Токму што се вратив од полињата и можам да кажам дека кокосот за берба практично исчезна. Во декември очекувавме да собереме околу 200.000 тони, но реално бројката ќе биде околу 140-150.000 тони“, изјави изворот.

Фармерите истакнуваат дека недостигот од дожд од ноември и високите температури буквално ги „убиле“ кокосите.

Советот за кафе и кокос во ноември минатата година веќе беше принуден да ги ревидира проекциите за сезоната 2024/25 и да ги намали очекувањата за приносот.

Дали овој тренд ќе влијае на достапноста и цената на кокосот во светот, останува да се види.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни