По големиот пожар, летовите од аеродромот во Дака се обновени

Пожарот предизвика огромни прекини во воздушниот сообраќај

Летовите од меѓународниот аеродром „Хазрат Шахџалал“ во главниот град на Бангладеш, Дака, се обновени вечерва откако голем пожар го зафати товарниот комплекс и предизвика значителни прекини во воздушниот сообраќај, јави ДПА.

Првиот авион полета во 21:06 часот по локално време, кратко откако пистата беше отворена во 21 часот, изјави претставник на аеродромот.

Пожарот што избувна попладнето на аеродромот го принуди властите да ги откажат сите летови. Големи пламени јазици со црн чад кои се издигаа над аеродромот можеа да се видат од различни места во градот. Пожарот зафати голем дел од товарниот комплекс, сместен меѓу главниот терминал и местата за паркирање на авионите.

Портпаролот на Цивилната одбрана и противпожарната служба Талха Бин Засим изјави дека вкупно 37 противпожарни возила биле испратени за гаснење на пламенот, потпомогнати од воздухопловните сили и морнарицата на Бангладеш.

Пожарот предизвика огромни прекини во воздушниот сообраќај. Единаесет авиони кои пристигнуваа беа пренасочени кон други аеродроми, а сите закажани полетувања од Дака беа откажани, оставајќи илјадници патници блокирани.

Властите брзо реагираа за да ги преместат авионите од зоната зафатена со пожар.

Најмалку 27 лица вклучени во гаснењето на пожарот беа повредени. Полицијата потврди дека 10 лица биле примени во цивилни болници, а уште 17 биле однесени во воена болница.

Владата соопшти дека започнува истрага за причината за пожарот и ќе направи проценка на предизвиканата штета. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни