По две децении пазуза, на екраните се враќа една култна серија

По речиси две децении пауза, култната комедија серија „Малколм во средината“ се враќа на малите екрани со нови продолженија. Хулу најави рестартирање во форма на четириделна специјална епизода наречена „Малколм во средината: Животот е сè уште нефер“, чија премиера е закажана за 10 април 2026 година.

Оригиналната серија, која се емитуваше од 2000 до 2006 година, стекна армија обожаватели низ целиот свет. Сега, Hulu објави краток тизер и објасни за што ќе бидат новите епизоди.

Тизерот веќе има речиси милион прегледи. Освен на Hulu, серијата ќе биде достапна за гледање и на Disney+.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни