После девет години, се случи трогателна средба помеѓу маж и мачка по име Џинџер. Корисникот на Редит по име Адам го посетил домот за стари лица на неговата баба за прв пат пред девет години додека таа престојувала таму. Тогаш домот за стари лица доби нов жител, Џинџер.
Адам неодамна се вратил во истиот дом за стари лица за да го посети својот пра-вујко, кој сега е жител на установата. Но, тој беше пред изненадување. Џинџер, портокаловата мачка што ја запозна пред девет години, сè уште беше таму.
Тој не можеше да го сокрие задоволството, па приказната ја сподели на Редит. Фотографиите од Џинџер кои ги прикачи јасно покажаа дека мачката сериозно ја сфаќа својата улога во старечкиот дом. Тој ги посети жителите, давајќи им љубов, галење и утеха, покажувајќи дека и по девет години се уште е присутен и посветен.
Извор: index.hr