По една година успешно лидерство, Албанија, под покровителство на Министерството за внатрешни работи, го предава претседателството со Регионалниот форум за азил и миграција на Босна и Херцеговина, објави албанското МВР, по средбата на форумот во Тирана.
„За време на овој мандат, работевме со посветеност на зајакнување на регионалната соработка, споделување на најдобри практики и унапредување на стандардите во областа на миграцијата и азилот, фокусирајќи се на заштитата на човековите права и ефикасното управување со заедничките предизвици”, се наведува во објавата.
Овој форум, се оценува, останува важна платформа за соработка меѓу земјите од регионот, а Албанија ќе продолжи да биде активен и посветен партнер во поддршката на одржлив, хуман и координиран пристап кон миграцијата.