По 65 години пронајдено телото на Британец кој загинал во глечер на Антарктикот

Роден во 1934 година, Денис служел во Кралските воздухопловни сили, се обучил за метеоролог и се придружил на истражувачите на Антарктикот

Коските на еден Британец кој загинал во ужасна несреќа на Антарктикот во 1959 година биле откриени за време на топењето на глечер.

Остатоците биле пронајдени во јануари од страна на полска антарктичка експедиција. Тие исто така пронашле и рачен часовник, радио и метална цевка.

Тој сега е официјално идентификуван како Денис „Тинк“ Бел, кој паднал во пукнатина во глечерот на 25-годишна возраст додека работел за организацијата што подоцна ќе стане Британско антарктичко истражување.

„Одамна се откажав од надежта дека ќе го најдам брат ми. Ова е навистина неверојатно, неверојатно. Не можам да поверувам“, изјави неговиот брат Дејвид Бел (86) за Би-Би-Си .

„Денис беше еден од многуте храбри луѓе кои придонесоа за раните научни истражувања и откривањето на Антарктикот во исклучително тешки услови“, рече професорката Џејн Френсис, директорка на Британското антарктичко истражување.

Дејвид се сеќава дека тој бил оној што ја отворил вратата од семејниот дом во Хароу, Лондон, тој јули 1959 година. „Поштарот ми рече: „Жал ми е што морам да ти го кажам ова, но имам лоши вести.“ Потоа отишол да им каже на родителите. „Беше ужасен момент.“

Зборувајќи од својот дом во Австралија, во придружба на неговата сопруга Ивон, тој се сеќава на своето детство во Англија во 1940-тите, опишувајќи го Денис како шармантен и авантуристички расположен постар брат.

Роден во 1934 година, Денис служел во Кралските воздухопловни сили, се обучил за метеоролог, а потоа им се придружил на истражувачите на Антарктикот. Бил фасциниран од дневниците на Роберт Скот, еден од првите луѓе што стигнале до Јужниот Пол.

Тој отишол на Антарктикот во 1958 година и бил стациониран на двегодишна задача во базата на островот Кинг Џорџ, на околу 120 км од северниот брег на полуостровот. Таму користеле кучиња и санки за да се движат по грубиот терен, а Денис бил задолжен за пуштање временски балони и радио известување на секои три часа, честопати во екстремни минуси. Тој бил познат и како најдобар готвач во базата, но голем љубител на хаски, одгледувајќи две легла.

Несреќата се случила на 26 јули 1959 година, неколку недели по неговиот 25-ти роденден, за време на извидничко патување на глечер со колегата Џеф Стоукс. Денис продолжил да ги охрабри кучињата, но без скии, и одеднаш паднал во пукнатина. Иако успеал да се фати за спуштеното јаже и бил повлечен до работ, ременот на кој бил врзан се скинал и тој повторно паднал. После тоа, тој повеќе не се јавил.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни