Од компанијата уште претходно годинава најавија дека ќе ја укинат доставата на писма во Данска, како резултат на брзата дигитализација и драстичниот пад на обемот на поштенски пратки. Во последните 25 години, бројот на испратени писма во земјата се намалил за повеќе од 90 проценти. Поради овие промени, PostNord ќе укине околу 1.500 работни места и ќе отстрани исто толку препознатливи црвени поштенски сандачиња.
И покрај тоа, интересот на граѓаните покажува дека носталгијата за класичната пошта сè уште постои. Кога на почетокот на месецов биле понудени на продажба 1.000 демонтирани поштенски сандачиња, тие биле распродадени за само три часа. Цената за сандачиња во добра состојба изнесувала 2.000 дански круни (околу 268 евра), додека оние со повидливи траги од користење се продавале за 1.500 круни (околу 201 евро).
Иако PostNord ја прекинува доставата на писма во Данска, услугата ќе продолжи во соседна Шведска, а компанијата најави и ограничени поврати на средства за неискористени дански поштенски марки. Од јануари, услугата за испраќање писма во Данска ќе ја преземе приватната компанија Dao, која планира да го прошири своето работење со цел да ја исполни законската обврска поштенската услуга да остане достапна за сите граѓани.
Извор: Index.hr