По 4 недели преговори: Франција доби нова Влада, главно истите имиња

По четири недели преговори, францускиот премиер Себастијен Лекорни го формираше новиот кабинет со 18 министри, главно од претходната Влада. Владејачката коалиција се соочува со политички предизвици и закани од левицата и десницата.

По четири недели преговори што ги водеше францускиот премиер Себастијен Лекорни, денеска е именувана новата Влада, третата во една година, во која во голема мера се повторуваат имињата од претходната влада.

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, го претстави списокот од 18 министри, од кои 13 веќе беа во претходната Влада на центристот Франсоа Бајру. Другите имиња ќе бидат објавени по политичкиот говор на премиерот кој е предвиден за вторник попладне.

На местото министер за надворешни работи останува Жан-Ноел Баро, како и Жералд Дарманен на местото министер за правда, а Бруно Ретоа, шеф на партијата Републиканци, останува министер за внатрешни работи.

Изненадување во новата Влада е враќањето на Бруно Ле Мер, кој е именуван за министер за одбрана, а ја презема функцијата од Себастијен Лекорни, кој стана премиер. Бруно Ле Мер беше министер за економија и финансии на Емануел Макрон во период од седум години, од 2017 до 2024.

За министер за економија и финансии е именуван Макроновиот кадар Роланд Лескир, кој ќе има тежок задач да го претстави нацрт-буџетот за 2026 година, прифатлив за Парламентот, во време кога јавните финансии на земјата се во најлоша состојба со долг од 3.300 милијарди евра, што претставува повеќе од 115% од БДП.

Веднаш по формирањето на Владата, левицата и крајната десница веќе закануваат дека ќе се обидат да ја соборат.Претседателот на екстремно десничарската партија Национално собрание, Жордан Бардела, изјави дека Владата е составена „од последните макронисти приклучени на пипците на Медуза“, додека лидерот на радикалната левица, Жан-Лик Меланшон, рече дека „тоа собрание на повратници нема да издржи“.

Како и неговите двајца претходници, Мишел Барние и Франсоа Бајру, новиот премиер мора да се снајде во расцепканата политичка сцена што произлезе по парламентарните избори одржани по изненадното распуштање на Парламентот од страна на Макрон во јуни 2024 година.Парламентот е расцепкан на три блока: сојузници на левицата, макронисти и центристи, и екстремна десница, а никој нема апсолутно мнозинство, што ја турка земјата во хронична нестабилност.

Себастијен Лекорни ја презеде функцијата на 9 септември, тој е човек од доверба на Макрон од десницата. Негова најитна и најопасна задача за Владата ќе биде да обезбеди поддршка за буџетот за 2026 година во расцепканиот парламент.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни